Судски постапки, разрешување на спорови и арбитража. Нашето друштво бележи успех од над деведесет проценти на успешно завршени судски постапки во корист на нашите клиенти. Веруваме дека успехот во судската постапка е резултат на една совршена комбинација на шах, страст за психологија во правните постапки, широко опсежно познавање на правото и моќни архитектонски способности. Секогаш на транспарентен начин го искажуваме нашето правно мислење и стратегијата пред клиентот, за истиот да биде во можност да го следи текот на постапката во согласност со договорената стратегија.
Краток преглед на најзначајните судски постапки • Застапување на еден од најзначајните телекомуникациски оператори во Македонија во трговскиспорови со вредност од над 2.000.000 ЕУР • Застапување на Германска компанија за производство на товарни возила, во трговскиспорови во Македонија, со вредност од над 300.000 ЕУР • Застапување на еден од најголемитепроизвoдители на леб во Македонија во неколкусудскиспорови со поранешниотизвршендиректор • Застапување на еден од најголемитепроизвoдители на лебво Македонија во повеќе од 80 судскипредмети со вредност од над 2.000.000 ЕУР • Застапување на еден од најголемитепроизводители на цемент во регионот во повеќе од 50 судскипредметиповрзани со работниспорови • Застапување на интернационална банка во Скопје во повеќе од 30 судскипредметиповрзани со трговски и работниспорови • Застапување на најзначајните телекомуникациски оператори во Македонија во повеќе судскипредмети во врска со трговски и работниспорови • Застапување на големо акционерско друштво во Македонија во повеќе судскипредмети кои се однесуваат на трговски и работниспорови • Застапување на една комерцијална банка од Скопје во повеќе судскипредметиповрзани со работниспорови • Застапување на главниакционери на повеќе акционерски друштва во Македонија во постапката за приватизација • Застапување на конзорциум на акционери во комерцијалнабанка во Република Македонија во предарбитражнапостапка во вредност од над 600.000 ЕУР поврзана со склучен договор за купопродажба на акции со инвеститор од Холандија • Застапување на Шведска компанија за производство на товарни возила во Македонија во арбитражнапостапка пред арбитражниотсуд во МакедонскатаСтопанскаКомора. • Застапување на светски распространет ланец за брза храна во меѓународна арбитражна постапка во Швајцарија