Советување на енергетска компанија од Италија во постапката за јавна набавка за купопродажба на термоелектрична централа во државна сопственост, вклучувајќи и правна анализа на централата и нејзината позиционираност на пазарот на енергија во Македонија • Советување на енергетска компанија од Италија во постапката за јавна набавка за ПГУП (проектирање, изградба, управување и пренос) на хидроелектричните централи во Чебрен и Галиште на Црна река • Советување на Македонска подружница на компанија од Италија со значителен пазарен удел во производство на индустриски гасови во енергетски спор со Македонскиот електро преносен систем оператор (МЕПСО) • Советување на банка од Чешка во проектот за финансирање на Македонска енергетска компанија заради рехабилитација на хидроелектрични централи • Советување на Македонска компанија во процесот на изградба и управување со првата гасна електрична централа во приватна сопственост во Македонија • Советување на Хрватска компанија во процесот на купопродажба на најголемата печатница во Македонија •Советување на една од најголемите фармацевтски компании од САД во процесот на основање на претставништво и подготовка и структуирање на договори со снабдувачите во Македонија • Советување на Шведска компанија за производство на товарни возила во однос на основање на подружницата во Македонија, подготовка на договори како и советување по други правни прашања •Советување на компанија од САД за радиодифузија во однос на трудови прашања и регулирање на нивното присуство во Македонија • Советување во правните активности за ребрендирање на еден од водечките телекомуникациски оператори во Македонија •Советување на дел од групацијата на еден од водечките телекомуникациски оператори во Германија, за нивните активности во Македонија и преземање на компанија во Хрватска • Советување на Косовската подружница на меѓународна банка во однос на правните аспекти на одобрување на кредити со меѓународни елементи • Советување на Словенечка банка со регионално портфолио за нивните активности во Македонија • Советување на меѓународна банка од Лондон за пазарот на хартии од вредност и финансиски деривати во Македонија• Советување на Албански инвеститор во трансакција за купување на Македонска пивара • Советување на Грчка текстилна компанија при купување на фабрики, поставување на начин на функционирање и оптимизација на внатрешната организација како и нивно присуство во Бугарија, Македонија и Албанија • Советување на телекомуникациски оператор во Македонија во процесот на колективно преговарање и договарање со Синдикалната Организација на компанијата • Советување на телекомуникациски оператор во Македонија за намалување на бројот на вработени • Советување на голема македонска компанија со странски капитал во постапка за намалување на бројот на вработени од деловни причини и воведување на нова организациска шема и застапување на Друштвото во над 50 работни спорови иницирани од претходните работници • Советување на странски содружници во Македонска компанија за производство во однос на намалување на работната сила, преговарање со синдикалната организација и преговори со фондот за пензиско и инвалидско осигурување • Советување на менаџментот на Македонско АД со синџир на пекари и производство на пекарски производи во постапката за намалување на бројот на работници и преговори со синдикалната организација • Застапување на еден од водечките телекомуникациски оператори во Македонија во трговски спорови со вредност која надминува 2.000.000 Евра