Енергетско право и право на води. Георги Димитров Адвокати е значајно име што се истакнува при давањето на правни услуги во енергетскиот сектор и правото на води во Република Македонија. Нашите услуги се карактеризираат со несекојдневна посветеност и продлабочено знаење во областа на енергијата и водите, во кои области наши надворешни консултанти се признаени македонски дејци во оние научни кругови кои не вбројуваат меѓу своите колеги. Нашиот адвокат Катарина Панова има објавено труд на тема: Договорот за снабдување со електрична енергија - рецензија на еколошката енергија во списанието Business Law, и одржа предавање на оваа тема на 59тиот собир на Македонското здружение на правници.
Некои од нашите проекти • Советување на енергетска компанија од Италија во постапката за јавна набавка за купопродажба на термоелектрична централа во државна сопственост, вклучувајќи и правна анализа на централата и нејзината позиционираност на пазарот на енергија во Македонија • Советување на енергетска компанија од Италија во постапката за јавна набавка за ПГУП (проектирање, изградба, управување и пренос) на хидроелектричните централи во Чебрен и Галиште на Црна река • Советување на Македонска подружница на компанија од Италија со значителен пазарен удел во производство на индустриски гасови во енергетски спор со Македонскиот електро преносен систем оператор (МЕПСО) • Советување на Македонска компанија во однос на изградбата и реализицијата на првата приватна електрична гасна централа во Скопје • Советување на компанија од Република Чешка во однос на правни работи поврзани со рехабилитација, раководење и функционирање на седум хидроцентрали во Македонија • Изработка на Предлог - Закон за водните заедници во рамките на договорот склучен помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Светската банка • Изработка на Предлог - Законот за водни организации во рамките на договорот склучен помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Светската банка.