Георги Димитров Адвокати

Георги Димитров Адвокати

Георги Димитров Партнер

Георги Димитров Партнер

Специјализација

Екстензивно искуство во областа на корпоративното и комерцијалното право на македонскиот и регионален пазар. Неговата работа вклучува услуги од областа на даночното право, работното законодавство, банкарство и финансии. Искуство во комплексни правни спорови поврзани со корпоративно управување. Член на Извршниот одбор на Здружението на правници на Македонија.

Професионално членство

Адвокатска комора на Македонија, British Business Group, Ротари клуб Скопје-Центар.

Кариера

Запишан во Адвокатската комора на Република Македонија во 1996. Овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост. Ја основа Георги Димитров Адвокати во 1997. Главен адвокат во клиничката програма за граѓанско право на Правниот факултет Јустинијан I. Моментално е сопственик на една од водечките адвокатски канцеларии на локалниот и регионален пазар со обемна листа на интернационални клиенти кои имаат моментално портфолио на инвестиции на пазарот во Република Македонија од над еден милијарда евра.

Изданија и закони

Публикација за недвижности во Македонија 2007, изработка на Законот за водни заедници во 2000 година и Законот за водни организации во 2001 година. Има објавено труд за Изјавата за безбедност во согласност со Законот за работни односи во списанието Деловно право.

Лични податоци

Роден на 12.01.1970 во Ташкент, Узбекистан. Студирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија. Во слободно време се интересира за фотографија, шах, јога, архитектура, музика и уметност. Живее во Скопје, Македонија.

Контакт

Georgi@dimitrov.com.mk